(Видео) Демонстрантите во Портланд оставиле порака „Убиј го претседателот“ на зградата на полицискиот синдикат




Демонстрантите во Портланд ја вандализираа канцеларијата на локалниот синдикат на полицијата и запалија билборд со кој се изразува поддршка за полицијата во услови на немири во градот во Орегон, кои траат со месеци, пренесува РТ.

Демонстрантите маршираа кон зградата на Полициската асоцијација на Портланд (ППА) во понеделникот вечерта извикувајќи „Нема правда, нема мир“. Зградата, која беше заптитена со штици откако беше нападната во повеќе немири на претходните демонстрации, беше ичкртана со графити. Пораките испишани со спреј на дрвените плочи вклучуваат: „Изгори го ова“, „Полицајците се убијци“ и „Убиј го претседателот“.

Protesters arrive at the Portland Police Union building (the PPA). It’s Monday Oct 19th. #PortlandProtests #Portland #BlackLivesMatter #PortlandPolice pic.twitter.com/a6ekvjPjab

— Garrison Davis (@hungrybowtie) October 20, 2020

Тогаш толпата го сврте вниманието кон блискиот билборд кој изразува поддршка за локалната полиција. Демонстрантите  го испрскале билбордот со боја пред да го запалат. Билбордот, на кој пишуваше: „Разбуди се Америка! Ти благодарам, полициското биро во Портланд “, беше платен од локалниот недиум „ПТ њуз“.

Полицијата пристигнала на местото на настанот и ги предупредила демонстрантите да не палат оган и да стојат настрана од улицата, заканувајќи им се со апсење.

Portland protest day 127 pic.twitter.com/QVTTsPRF6M

— Sergio Olmos (@MrOlmos) October 20, 2020

На почетокот на овој месец, демонстрантите соборија статуи на Теодор Рузвелт и Абрахам Линколн како дел од протестот за Денот на бесот на домородните луѓе. Тие ги искршија и прозорците на локалните бизниси. Полицијата го прогласи собирот за незаконски и изврши неколку апсења.

They just lit @PTNewsnetwork‘s billboard on fire right outside the Portland Police Association building after vandalizing it further. #Portlandprotests pic.twitter.com/6N4TQzjTOV

— Kitty Shackleford (@KittyLists) October 20, 2020

Портланд го тресеа повеќемесечни речиси континуирани ноќни протести од кои многу преминаа во насилство и вандализам. Бројни бизниси, владини канцеларии и градски знаменитости беа нападнати по смртта на Џорџ Флојд во рацете на полицијата во Минеаполис во мај.



Бизнис и економија

Задолжително пензионирање на 64-годишна возраст, останува можноста жените да се пензионираат со навршени 62 години

– Измените на Законот за работни односи со кои се предвидува задолжително пензионирање на 64-годишна возраст, поднесени од група пратеници, влегоа во собраниска процедура и го поминаа првото читање. Исклучоци во јавниот сектор ќе има […]

Вести

Продолжуваат разговорите со Бугарија, македонскиот јазик и идентитет се црвените линии

– Разговорите за надминување на несогласувањата со Бугарија продолжуваат деновиве на ниво на работни групи, предводени од министрите за надворешни работи на двете земји, а македонскиот јазик и македонскиот идентитет се црвените линии во преговорите […]

Вести

Регистрирани 1022 нови случаи на Ковид- 19 во земјава, починаа 41 лице

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3127 тестирања, а регистрирани се 1022 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-463, Куманово-30, Дебар-6, Штип-28, Прилеп-68, Тетово-29, Струга-21, Велес-47, Битола-48, Охрид-28, Кавадарци-26, Гостивар-66, Гевгелија-4, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*