Венецуела побара вонредна седница на СБ на ОН заради заробените платеници


Советот за безбедност на ОН го поддржува Либан во борбата против економската криза и Ковид-19 - МИА

Њујорк, 14 мај 2020 () – Венецуела побара вонредна седница на Советот за безбедност на ОН заради наводниот упад на платеници во земјата, организирани од САД и Колумбија, а кои биле испратени за соборување на владата во Каракас, пренесе Тасс.



Амбасадорот на Венецуела во ОН, Самуел Монкада, го извести Советот за безбедност на ОН дека меѓу 3 и 4 мај годинава група платеници и терористи, организирани, обучени, финансирани и под заштита на САД и Колумбија, нелегално ја нападнале Венецуела.

Официјален Каракас побара на седницата на СБ на ОН да се утврди дека владите во Богота и Вашингтон извршиле вооружен напад врз мирот и безбедноста на Венецуела и регионот, како и јавно да ја осудат и забранат заканата или употребата на сили во која било форма против Венецуела.

Официјалниот претставник во Каракас изјави дека на 3 мај успешно бил спречен обид за инфилтрирање во групата платеници, кои дошле од Колумбија со намера да извршат државен удар во Венецуела.

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, на државната телевизија покажа два пасоша на американски државјани, одземени за време на операцијата за разбивање на нелегалната група, но американскиот претседател Доналд Трамп рече дека Вашингтон нема никаква врска со луѓето што ги заробиле венецуелските сили за безбедност.