Велика Британија во следните четири години во СЗО ќе партиципира со 430 милиони фунти


– Британскиот премиер Борис Џонсон денеска на Генералното собрание ОН во Њујорк ќе соопшти дека Обединетото Кралство за 30 отсто ќе го зголеми својот придонес кон Светската здравствена организација (СЗО), но и дека истовремено бара нејзина реформа и повикува на обновување на прекуграничната соработка, јавија британските медиуми.

Во снименото обраќање до Генералното собрание на ОН, Џонсон ќе посочи дека пандемијата  на Ковид-19 ги зголеми бариерите за трговија.

-По девет месеци борба против Ковид-19, во прашање беше доведен и самиот поим за меѓународна заедница. Ако не се обединиме и не го свртиме огнот кон заедничкиот непријател, сите ќе изгубиме. Сега е време човештвото да ги прескокне границите и да ги затвори тие грди пукнатини, пренесоа британските медиуми делови од говорот на Џонсон, што им се доставени на медиумите.

Неговиот план предвидува глобална мрежа на истражувачки центри, поголем капацитет за производство на вакцини и договор за намалување на извозните тарифи воведени на почетокот на пандемијата.

Британскиот премиер ќе сооопшти конкретно дека Велика Британија во следните четири години за СЗО ќе одвои 340 милиони фунти, 30 проценти повеќе отколку во претходниот период.

Велика Британија, заедно со Франција и Германија, но со барање за реформа, го поддржува СЗО, која се соочи со критики за нејзиниот одговор на пандемијата на коронавирусот.


Вести

Договорот за добрососедство е основата за односите со Бугарија, порача власта, опозицијата бара од Заев став за Гоце Делчев и македонскиот јазик

– Историјата да им се остави на историчарите, а политиката на политичарите е повик, кој изминатите денови постојано се повторува од страна на државните функционери во земјава во однос на недоразбирањата кои настанаа на релација […]

Вести

Се пополнуваат болничките капацитети, Филипче најави зголемување на термините за тестирање

– Се пополнуваат болничките капацитетите за сместување на пациенти заболени од Ковид-19 во сите градови во земјава, а постепено се полни и модуларната болница во Скопје изминатите денови кога и кај нас и во Европа […]

Вести

Регистрирани 404 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1524 тестирања, а регистрирани се 404 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје- 172, Куманово-15, Дебар-4, Штип-8, Прилеп-25, Тетово-41, Струга-4, Велес-6, Битола-4, Охрид-11, Кавадарци-5, Гостивар-20, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*