Велика Британија: Кралските трошоци растат на 107,5 милиони фунти, Чарлс посегна по резервите

UK-Carls
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Британскиот крал Чарлс Трети бил принуден да ги искористи кралските резерви за да ги покрие исклучително високите трошоци за време на овогодинешните кралски активности, кои пораснале за повеќе од пет милиони фунти, покажуваат официјалните извештаи.

Нето трошоците на Бакингемската палата се зголемија на 107,5 милиони фунти, односно за повеќе од пет милиони фунти оваа година, поради трошоците за платинестиот јубилеј, погребот на кралицата, подготовките за крунисувањето на кралот и спојувањето на двете кралски домаќинства, објавија британските медиуми.


Според помошниците, монархијата се соочува со „притисок“ за време на кризата предизвикана од зголемените трошоци за живот, при што повеќе од 21 милион фунти се земени од кралските резерви поради ефектите од инфлацијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK