Велика Британија оваа недела ќе објави нови прописи со кои ќе се укине ефективната забрана за изградба на нови копнени ветерни електрани, пишува Bloomberg, повикувајќи се на неименуван извор.
Агенцијата наведува дека британскиот премиер Риши Сунак во изминатите девет месеци ја одложува одлуката дали да се укине де факто забраната, откако, како што се наведува, под притисок на претставниците на крајот на минатата година започнал консултации за локалните заедници даваат согласност за нови проекти.
Сунак, исто така, вети дека ќе додели 100 нови лиценци за производство на нафта и гас во Северното Море како одговор на загриженоста за енергетската безбедност, и покрај тоа што ја одржува ефективната забрана за копнените ветерни електрани, еден од најевтините извори на енергија во Велика Британија, пренесува Танјуг.
„Го поддржуваме развојот на копнениот ветер таму каде што има локална поддршка, препознавајќи го како ефикасен, евтин и широко поддржан извор на енергија, а истовремено е клучен дел од помагањето да се намали зависноста на Обединетото Кралство од скап, странски увоз на фосилни горива“. објави владата на ОК.