Велика Британија издава нови лиценци за нафта и гас во Северното Море

severno more
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Велика Британија ќе издаде стотици нови лиценци за производство на нафта и гас во Северното Море за да стане енергетски понезависна, објави владата.

Нова инфраструктура за зафаќање и складирање на јаглерод ќе биде инсталирана во североисточниот дел на Шкотска и во регионот Хунбер, се додава во соопштението.


„Сега, повеќе од кога било, клучно е да ја зајакнеме нашата енергетска безбедност и да капитализираме од таа независност за да испорачаме поприфатлива, почиста енергија во британските домови и бизниси“, рече британскиот премиер Риши Сунак во изјавата, пренесува Хина, цитирана од Ројтерс.

Регулаторниот орган за нафтената и гасната индустрија наесен треба да издаде нови дозволи за истражување на овие ресурси.

Велика Британија на крајот на февруари 2022 година објави дека гледа „добра и стабилна“ иднина за нафтената и гасната индустрија во Северното Море и дека ќе издаде нови лиценци за зголемување на производството.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK