Велика Британија формира Национална кибер единица


– Велика Британија денеска соопшти дека има  Национална кибер единица од владини хакери за кибер напади врз криминалци, терористи и непријателски држави.

Британските медиуми јавуваат дека оваа хакерска единица, која од годинава е оперативна, се состои од експерти од британските вооружени сили и разузнавачката агенција на државниот комуникациски штаб (GCHQ).

-Националната кибер единица „ги обединува разузнавачките и одбранбените способности за да ја трансформира способноста на Велика Британија да се бори против противниците во кибер просторот, изјави директорот на GCHQ, Џереми Флеминг.

Официјалните лица одбија да разговараат за специфичните цели или операции на единицата, но велат дека нејзината работа може да вклучува прекин на терористичките мрежи за комуникација, уривање на организирани криминални групи и оневозможување на непријателските вооружени системи.


Двајца починати и 152 новозаразени со Ковид-19
Вести

1.288 новозаразени од Ковид-19, починаа 39 лица

– Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3349 тестирања за Ковид-19, при што се регистрирани 1288 нови случаи на заразени со коронавирусот. Во изминатото деноноќие починале 39 лица, а оздравеле […]

Вести

Граматика на македонскиот јазик за дијаспората

Во издание на Агенцијата за иселеништво на Република Северна Македонија, обајвена е Граматика  на македонски јазик  со практични вежби за дополнителна настава на македонски јазик во странство. Граматиката  е  изработена од три професорки кои предаваат […]

Вести

Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 39 пациенти, вкупно се лекуваат 486

– Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје хоспитализирани се 39 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 486 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*