Вашингтон ја суспендираше помошта од 700 милиони долари за Судан



ript>

САД денеска ги повикаа воените претставници во Судан итно да ја вратат соборената цивилна влада и најавија суспензија на финансиската помош од 700 милиони долари за суданската транзициска власт.


 

– Воените власти треба веднаш да ги ослободат сите политички актери и да ја гарантираат нивната безбедност, изјави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.

Суданската војска денеска ја презеде власта, го уапси премиерот на земјата и неколку министри и ја распушти преодната влада. Илјадници излегоа на улиците за да протестираат против пучот, кој се заканува да го загрози кревкиот напредок на земјата кон демократијата. За време на протестот, од армиски пукотници загинаа две лица, а 80 се повредени.

Портпаролот на Стејт департментот, исто така, ги повика воените власти да не прибегнуваат кон насилство врз демонстрантите и пред се да не користат боева муниција.

– Преодната влада предводена од цивили треба веднаш да се врати, тие ја претставуваат волјата на народот, рече Прајс.

– Со оглед на овие настани, САД ја суспендираат помошта од 700 милиони долари наменета за демократската транзиција, рече тој, истакнувајќи дека исплатата на целата таа сума е суспендирана.