Уште една жена го обвини Полански за силување


Една Французинка го обвини Роман Полански за силување во Швајцарија во 1975 година кога имала 18 години, објави парискиот весник „Паризиен“, само неколку дена пред премиерата на новиот филм од режисерот кој во САД е обвинет за силување малолетничка.

Валентин Моние, чии обвинувања следат по обвинувањата од други жени во последните години, рече дека не поднела тужба, но одлучила јавно да го обвини Полански поради прикажување на филмот „Офицер и шпион“ (J’accuse) за непочитување на правдата во аферата Драјфус.

– Не бев во врска со него, ниту лична ниту професионална, го познавав површно, изјавила за весникот фотографката која била манекенка во Њујорк и глумела во неколку филмови во 80-тите години, меѓу кои и „Тројца мажи и бебе“. Таа тврди дека се работело за многу насилен напад.

Адвокатот на режисерот, Ерв Темим, за „Паризиен“ изјави дека Роман Полански одлучно го отфрла обвинувањето за силување и истакна дека наводниот настан од пред 45 години никогаш не бил пријавен кај правосудните органи.

Полански призна вина за полов однос со малолетничка во 1977 година и беше осуден на 90 дена затвор, но беше ослободен по 42 дена. Кога дозна дека судијата планира да му изрече повеќегодишна затворска казна, тој од САД избега во Франција.

Оттогаш се појавија повеќе обвиненија. За време на филмскиот фестивал во Кан во 2010 година, британската актерка Шарлот Луис го обвини за сексуално злоставување кога имала 16 години во 1983 година. Друга жена го обвини во август 2017 година за истиот престап во 1973 година кога имала 16 години. Во септември 2017 година, Ренате Лангер, поранешна актерка, го обвини за силување во 1972 година во Гштад кога имала 15 години.

Адвокатот на режисерот тврди дека обвинувањата на тие три жени се неосновани.


Уште шест дена претставување на изборните понуди на партиите пред граѓаните - МИА
Вести

Уште шест дена претставување на изборните понуди на партиите пред граѓаните

Скопје, 7 јули 2020 () – Остануваат уште шест дена политичките партии и коалициите кои ќе учествуваат на предвремените парламентарни избори на 15 јули да ги претстават своите изборни програми пред граѓаните. Кампањата завршува на […]

Носењето заштитна опрема на носот и устата е задолжително, забрането е групирање на повеќе од две лица - МИА
Вести

Зголемен бројот на заразени и во соседството, можни се нови мерки на границите

Скопје, 7 јули 2020 () – Вкупно 78 случаи на Ковид-19 беа регистрирани во текот на вчерашниот ден. Иако бројката е значително помала во однос на претходните недели, сепак надлежните предупредуваат дека есенските денови се […]

Вести

ДСКС ќе одлучува за неколку приговори доставени од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата

Скопје, 7 јули 2020 () – Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе ја одржи 32. седница на која ќе разгледа неколку приговори поднесени од ВМРО-ДПМНЕ. Комисијата, како што е најавено, ќе разгледа […]