Ураганот Исаја се движи кон Флорида



Ураганот Хана го погоди брегот на Тексас, го урна ѕидот меѓу САД и Мексико - МИА

Сан Хуан, 1 август 2020 () – Ураганот Исаја денеска ги погоди Бахамите предизвикувајќи материјална штета и се движи кон брегот на Флорида, а во Мајами се затворени плажите, пристаништата и парковите.

Гувернерот на американската сојузна држава Флорида, Рон де Санти прогласи вонредна состојна во окрузите долж Атлантскиот брег, каде се очекува да помине ураганот.

Градоначаникот на Мајами, Карлос Химендес претходно изјави дека се отворени 20 центри за евакуација на жителите со почитуивање на мерките воведени поради пандемијата со Ковид-19.

Властите во Северна Каролина наредија евакуација на жителите на островот Окракок, што минатата година беше погоден од ураганот Доријан.

– Ураганот има брзина на ветерот до 135 километри на час и можно е да се зголеми, соопшти американскиот национален центар за урагани во Мајами. 


Научниците се уште не се согласни дали е можна инфекција со Ковид-19 од воздух - МИА
Вести

Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 33.385.696 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.003.405 пациенти, а оздравеле 24.688.610 луѓе. – Во изминатите 24 часа во Косово се забележани три […]

Гордана Јанкуловска упатена во КПУ-Идризово за случајот „Тенк” - МИА
Вести

Гордана Јанкуловска упатена во КПУ-Идризово за случајот „Тенк”

Скопје, 28 септември 2020 () – Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, е упатена во КПУ – Идризово, за издржување на казната затвор од четири години како осудена во предметот „Тенк”, потврдуват за од […]

Вести

Адвокатите бараат ослободителна пресуда за Јанакиески за „Насилство во Центар“

– Адвокатите на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески денеска во завршни зборови за предметот „Насилство во Центар“ побараа тој да биде ослободен од обвинение. Адвокат Димитар Дангов побара Обвинителството да го повлече […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*