Уништени најмалку 40 објекти во ноќешното руско гранатирање на Одеса

20230723150223_big_730x400_37
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Повеќе од 40 згради се уништени во руското гранатирање на Одеса во текот на изминатата ноќ.  Оштетени и уништени се објекти од цивилната инфраструктура, станбени блокови и приватни станбени згради, автомобили на граѓани, како и Соборниот храм Преображение на централниот плоштад во градот.

Градскиот совет на Одеса соопшти дека комуналните и спасувачките служби се ангажирани на расчистување на последиците од нападите.  Одеса веќе петта ноќ е цел на руските напади. Во синоќешното гранатирање, според украинските власти, загина едно лице, а 22 се повредени, меѓу кои три деца.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK