УНИЦЕФ повикува на собирање 10,3 милијарди долари помош за погодените од хуманитарните кризи

unicef_logo_001
Facebook
Twitter
LinkedIn

Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ) денеска објави повик за итно собирање 10,3 милијарди долари поради давање помош на десетици милиони луѓе погодени од хуманитарни кризи, долгорочни ефекти од пандемијата на коронавирусот и растечката закана од тешки временски непогоди.




Средствата се собираат поради давање помош на 173 милиони луѓе меѓу кои 110 милиони деца, соопшти УНИЦЕФ.

Извршната директорка на УНИЦЕФ, Кетрин Расел изјави дека децата на кои им е потребна хуманитарна помош денес ги има „повеќе од кога било во новата историја“.

– Ширум светот децата се соочуваат со смртоносна комбинација на кризи, од судири и раселувања, до епидемија на болести и растечка стапка на неисхранетост. Во меѓувреме, климатските промени ги влошуваат тие постојни кризи и создаваат нови. Од клучно значење е да воспоставиме вистинска поддршка со цел со одлучни и благовремени хуманитарни активности да дојдеме до децата, рече Расел.

На почетокот на годинава е проценето дека хуманитарна помош и заштита им се потребни на 274 милиони луѓе, а тие потреби во текот на годината значително се зголемија, првенствено поради судирите, вклучувајќи ја војната во Украина, со се поголемата прехранбена несигурност и заканата од глад поради климатските и други фактори, наведуваат од УНИЦЕФ.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Можеби ќе ве интересира: