УНИЦЕФ: По две децении првпат зголемен детскиот труд


УНИЦЕФ бара 92,4 милиони долари за борба против пандемијата на Блиски Исток и во Северна Африка - МИА

– По 20 години детскиот труд првпат е во пораст, а секое десетто дете во светот е принудено да работи, а милиони деца би можеле да бидат присилени да работат поради пандемијата со Ковид-19, предупредуваат Обединети нации.


 

– Бројот на деца кои се принудени на работа е зголемен на 160 милиони од 152 милиони деца во 2016 година, а најголем пораст е регистриран во Африка поради раст на населението,, кризата и сиромаштијата, се наведува во соопштението на Меѓународната организација за труд и УНИЦЕФ.

Извршната директорка на УНИЦЕФ, Хенриета Форе, воочи 12 јуни – Светскиот ден против детскиот труд, наведе дека се назадува во борбата против детскиот труд.

– Сега, кога влеговме во втората година од глобалното економско затворање, затворање на училишта, економски нарушувања и намалувања на националните буџети, семејствата се принудени да носат тешки одлуки, истакна Форе.

ОН ја прогласија 2021 година за Меѓународна година за укинување на детскиот труд, нагласувајќи дека се потребни итни активности за да се постигне целта за целосно искоренување на детскиот труд до 2025 година.

– Сепак, големиот напредок постигнат по 2000 година, кога работеа 246 милиони деца, сега е обратен, така што до крајот на 2022 година бројот на деца кои работат може да се зголеми на 206 милиони, доколку владите не воведат строги мерки и не ги заштитат најранливите, се поисочува во извештајот на УНИЦЕФ.

– Во извештајот се посочува дека децата сега можат да бидат принудени да работат подолго и во потешки услови поради економски тешкотии и затворање на училишта поради пандемијата со Ковид-19 и дека многу од нив може да бидат принудени на најлоши форми на детски труд.

УНИЦЕФ предупредува дека е зголемен бројот на деца кои работат на возраст од пет до 11 години и оти тие извршуваат работи опасни по нивното здравје и безбедност.

Според УНИЦЕФ, бројот на деца кои работат може да се намали на 16 милиони со одредени мерки односно со детски додатоци и обезбедување на бесплатно и квалитетно образование до минималната возраст за вработување.

Генералниот директор на Меѓународната организација на трудот, Гај Рајдер истакна дека е потребно да се зголемат инвестициите во руралниот развој и земјоделството, бидејќи секторот сочинува 70 проценти од детскиот труд.

– Новите проценки се предупредување. Не можеме да стоиме настрана додека нова генерација деца е изложена на ризик, посочи Рајдер, додавајќи дека сега е клучниот момент во кој мора да се стори нешто за да се прекине циклусот на сиромаштија и детски труд.