Унгарија спречи влез на околу 54.000 илегални мигранти



Унгарија ова година спречи околу 54.000 мигранти илегално да ја преминат границата и кривично гони 500 трговци со луѓе, изјави денеска советникот за внатрешна безбедност, Ѓерѓ Баконди.


 

Тој истакна дека годинешниот број на нелегални обиди за влез во земјата е огромен во споредба со минатата година, кога полицијата приведе 17.000 мигранти и 200 криумчари на луѓе, јавија унгарски медиуми.

Баконди се осврна и на ситуацијата со мигрантите кои преминуваат од Белорусија во Литванија, истакнувајќи дека еврокомесарот за внатрешни работи Илва Јохансон неодамна ја посети Литванија „отстапувајќи од вообичаената позиција“ на Брисел и ги охрабри земјите да ги чуваат своите граници.