Украински сателит е лансиран во вселената со ракета на SpaceX


„СпејсИкс“ лансираше ракета со нова партија интернет сателити „Старлинк“  - МИА

На 13-ти јануари украинскиот сателит „Сич-2-30“ беше лансиран во орбитата со помош на ракета на компанијата на Илон Маск „SpaceX“. Лансирањето се спроведе од американскиот вселенски центар Кенеди во Кејп Канаверал, САД.


 

Самата мисија беше именувана како Transporter-3 – ракетата носач Falcon 9 за повеќекратна употреба упешно го лансира сателитот во орбитата на Земјата, а потоа се врати. Познато е дека американската влада му даде на „SpaceX“ само 29 минути за лансирање  –  астрономите немаа право на грешка.

„SpaceX“ обично го емитува процесот на лансирање од космодромот. Видеото од космодромот е веќе достапно на YouTube. Го прикажува процесот на подготовката за полетување и лансирањето.

Сателит од таков тип се лансира за првпат во последните десет години. Тој е развиен од конструкторското биро „Пивденне“ во украинскиот град Днипро, почнувајќи од 2013 година. Неговата изработка чинеше околу 3 милиони евра, а лансирањето чинеше околу 1,99 милиони американски долари.

Сателитот „Сич-2-30“ е модифицирана варијанта на сателитот „Сич-2“, бројот 30 му е додаден за да симболизира 30-годишнина на независноста на Украина која се одбележуваше во 2021 година. Сателитот тежи 170 килограми, плус 40 килограми носивост. Висина на летањето во кружна соларно-синхрона орбита е 663-682 километри.

Основна намена на сателитот е добивање дигитални фотографии од површината на Земјата во видливиот и  блискиот инфрацрвен опсег, како и следење на параметрите на јоносферата и магнетосферата  на планетата. Сателитот има капацитет за складирање податоци од 10 GB, брзината на преносот на податоците е 30,72 Mbps. Се очекува да се добива информација широка 46 километри од која ќе се гледаат слики од шуми, полиња, реки, инженерски објекти итн. што може да се користи за различни намени. На овој начин ќе може да се разликуваат објекти на Земјата поголеми од 7 метри. Тоа ќе дозволи да се истражуваат, на пример, карпатските шуми, да се бараат места за нелегално сечење на дрва, да се проучуваат процеси на загадување на реките и морињата, да се прават картографски мерења.

Предвиден работен век на леталото е од 3 до 5 години.

Украина до 2025 година планира да испрати во орбита најмалку осум домашни сателити.