Украински функционер предупредува дека експлозијата на браната може да биде како Чернобил

brana ukraina
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Советникот на заменик-премиерот на Украина, Олексиј Рјабчин изјави дека последиците од експлозијата на браната „можат да бидат од размери слични на Чернобил“.

Рјабчин за Скај њуз изјави дека земјата „се обидува да ги сфати размерите на трагедијата“.


– Сметаме дека ова е чин на тероризам – последиците би можеле да бидат слични на Чернобил во однос на справувањето со силата на природата и колку луѓе би морале да ги напуштат своите домови, рече тој.

Тој негираше дека пробивањето на браната е предизвикано од украинско гранатирање, нарекувајќи ги наводите „глупости“.

– Тоа е направено намерно за да се запре нашата контраофанзива, рече Рјабчин и додаде дека верува оти украинските војници беа подготвени за вакво нешто и дека украинските врховни команданти знаеле за овој план.

– И покрај тоа, Русија нема да може да спречи ниту еден од нашите обиди да го вратиме украинскиот суверенитет, истакна украинскиот функционер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK