Украина потврди дека спроведува „офанзивни акции“ на делови од фронтот и соопшти дека постигнала напредок во близина на разурнатиот источен град Бахмут, истовремено намалувајќи го обемот на нападот што Москва тврди дека го одбила.
– Одбранбената операција (на Украина) вклучува контраофанзивни акции. Затоа, спроведуваме офанзивни дејствија во некои сектори, напиша на Телеграм заменик-министерката за одбрана на Украина Хана Малиар.
– Секторот на Бахмут останува епицентар на непријателствата. Напредуваме на прилично голем фронт. Постигнуваме успех и ги заземаме брдата. Непријателот е во дефанзива, додаде Малиар.
Русија претходно соопшти дека одбила офанзива од големи размери на истокот и југот на Украина, како и дека им нанела големи загуби на Украинците во војници и опрема.
Киев со месеци подготвува голема контраофанзива, чија цел е да ги истисне руските војници од зоните што ги окупираа. Сепак, украинските власти предупредија дека нема да откријат ништо за нивните планови или датуми.