Украина истрела проектил и го погоди клучниот мост Чонгар што ги поврзува регионот Херсон и Крим

proektil
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украина истрела проектил кон мостот Чонгар, кој поврзува делови од областа Херсон, под контрола на Русија, со полуостровот Крим, поради што сообраќајот е пренасочен, изјавија денеска официјални претставници на двата региона назначени од Русија.

Владимир Салдо, гувернер на Херсон назначен од Русија, рече дека патот е оштетен, но нема извештаи за жртви.


Тој рече дека во нападот најверојатно биле користени ракети „Сторм Шедоу“ (Storm Shadow“).

Гувернерот на Крим, Сергеј Аксјонов, рече дека експертите ја испитуваат локацијата за да утврдат кога сообраќајот преку мостот би можел да продолжи.

Познат како „порта на Крим“, мостот Чонгар е еден од неколкуте мостови што го поврзуваат Крим, кој Русија во 2014 година го припои со копното.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK