Убиени девет полицајци во Сирија


Убиени девет полицајци во Сирија - МИА

Дамаск, 4 мај 2020 () – Непознати напаѓачи убија денеска девет сириски полицајци во село во близина на границата со Јордан.


 

Нападот е извршен во провинцијата Дара, каде во март 2011 година почна бунт против Владата, кој подоцна прерасна во граѓанска војна во која се загинати повеќе од 400.000 лица, а раселено е половина население од земјата.

Опозицискиот Сириски центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Лондон, објави дека напаѓачите ги киднапирале деветмината полицајци пред да ги убијат, а нивните тела ги оставиле на улица.

Засега никој нема преземено одговорност за нападот.