Уапсени 45 демонстранти, повреден 21 полицаец во Сиетл



ript>

Уапсени 45 демонстранти, повреден 21 полицаец во Сиетл - МИА

Сиетл, 27 јули 2020 () – На протестите во Сиетл се уапсени 45 лица под обвинение за напад врз полициски службеници и опструкција, а 21 полицаец е повреден од гаѓање со запаливи средства, соопшти денеска локалната полиција.


 

Демонстрантите фрлале со камења, плински боци, пиротехнички средства и друг експлозив, нагласи полицијата, додавајќи дека некои од предметите предизвикале пожар.

Во протестите, кои полицијата ги опиша како „насилни“, еден полицаец бил хоспитализиран со повреда на ногата предизвикана од експлозивна направа.

Во Сиетл се одржаа протести поради полициската бруталност и системскиот расизам, како и во област од шест блокови, кои се под контрола на демонстрантите, откако полицијата ја напуштила.