Твитер сокри твит на Трамп бидејќи во кој се „глорифицира насилството“


Твитер сокри твит на Трамп бидејќи во кој се „глорифицира насилството“ - МИА

Вашингтон, 29 мај 2020 () – Твитер објави дека сокрил еден твит на американскиот претседател Доналд Трамп за немирите во Минесота, со образложение дека го „глорифицира насилството“ и со тоа ги крши правилата на социјалната мрежа.

– Твитот е сокриен од јавноста, но кој сака може да види што напиша претседателот, бидејќи тоа е во интерес на јавноста, наведе Твитер.

Трамп напиша твит за ситуацијата во Минеаоплис, каде три вечери по ред има немири и судири со полицијата поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина за време на приведување од страна на полицијата.

– Овие бандити го валкаат сеќавањето на Џорџ Флојд и нема да го дозволам тоа. Разговарав со гувернерот Тим Волц, кој кажа дека армијата ќе биде со него на тој пат. Сите потешкотии ќе се обидеме да ги контролираме, но кога ќе почнат грабежите, ќе почне и пукањето. Ви благодарам, напиша Трамп.

Судирот помеѓу Трамп и Твитер почна кога социјалната мрежа ги предупреди корисниците да ги проверат фактите во два твита на американскиот претседател. Трамп синоќа ја потпиша извршна наредба за ограничување на заштитата  на социјалните мрежи од тужби.

Твитер сокри твит на Трамп бидејќи во кој се „глорифицира насилството“ - МИА

Тој првично се закани дека ќе ги затвори социјалните мрежи откако Твитер предупреди дека твитовите на Трамп водат кон дезинформации, а американскиот претседател ја обвини социјалната мрежа дека „ја задушува слободата на говорот“ и „се меша во претседателските избори 2020“.

Со декретот се задолжуваат извршните институции, вклучително и Федералната комисија за комуникации и Федералната комисија за трговија, да испитаат дали на компаниите кои поседуваат социјални мрежи можат да им се воведат нови деловни правила.

Твитер и Фејсбук се заштитени од законска одговорност за содржините што ги поставуваат нивните корисници во рамките на параграфот 230 од Законот за комуникации од 1996 година, бидејќи се регистрирани како „платформа“ а не како „издавачи“ кои можат да бидат тужени за содржината.

Трамп изјави дека тој параграф може да „биде отстранет или изменет“ за социјалните мрежи да немаат правен имунитет.

Извршниот директор на Твитер, Џек Дорси претходно изјави дека компанијата „ќе продолжи да укажува на неисправни и спорни информации за изборите глобално“.

Експерти од таа област изразија сомнежи дека тоа е можно без одобрување од Конгресот.

 


Нови 173 случаи со Ковид-19, починати 15, оздравени 150 пациенти - МИА
Вести

Нови 173 случаи со Ковид-19, починати 15, оздравени 150 пациенти

Скопје, 2 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.653 тестирања, а регистрирани се 173 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-75, Куманово-9, Дебар-6, Штип-8, Прилеп-6, Тетово-9, Струга-14, Велес-3, Охрид-10, Кавадарци-3, Гостивар-7, Гевгелија-2, […]

ИЗБОРИ 2020: МИА ќе ги претстави програмите на учесниците на Предвремените парламентарни избори - МИА
Вести

ДИК со измени на Упатството за набљудување на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) на денешното продолжение на вчера започната седница, донесе одлука за усвојување на изменето Упатство за набљудување на изборите, а беа избрани и неколку членови на Општински изборни комисии кои поради одредени […]

Умерен оптимизам кај научниците од Оксфорд за вакцината против Ковид-19 - МИА
Вести

Повеќе оздравени од дијагностицирани вчера, обновен сообраќајот на двата аеродрома

Скопје, 2 јули 2020 () – Нови 120 потврдени со КОВИД-19 од 954 тестирања, од кои над половината (64) се од Скопје, а 14 од Тетово. Останатите заразени со вирусот од вчерашниот билтен на Министерството […]