Главната партија ривал на актуелниот турски претседател Реџеп Тајип Ердоган очекува рекордна излезност на парламентарните и претседателски избори во земјата, според Чанан Кафтанџиоглу од партијата ЦХП, пренесе ДПА.
Според анкетите, се очекува тесна трка меѓу Ердоган и претседателскиот кандидат на ЦХП, Кемал Киличдароглу.
Првите веродостојни резултати се очекуваат подоцна во вечерните часови.
На последните парламентарни и претседателски избори во 2018 година, кога Ердоган победи со 52,6 отсто, гласаа 86,2 отсто од граѓаните со право на глас. Во парламентот, партијата на Ердоган АКП освои мнозинство со помош на нејзиниот ултра-националистички партнер, МХП.