Трудо ја претстави новата канадска Влада, еколошки активист стана министер за животна средина



ript>

– Канадскиот премиер Џастин Трудо, Тој вчера ја претстави новата влада, на само неколку дена пред почетокот на климатскиот самит COP26, за нов министер за животна средина го избра еколошкиот активист, Стивен Гилбо, долгогодишен велосипедист и поранешен функционер на Гринпис, кој голем дел од својата кариера посвети на прашањата за животната средина. Во 2019 година тој беше назначен за министер за култура и наследство.


 

Трудо, кој овој месец беше избран по трет пат за премиер, но без апсолутно мнозинство во канадскиот Парламент, понекогаш е на удар на критичарите поради неговите еколошки перформанси.

Канада има трети по големина нафтени резерва во светот и економијата на западните провинции на земјата во голема мера се потпира на фосилни горива.

Целите, поставени во април од самиот Трудо, за намалување на емисиите на штетни гасови со последици на стаклена градина за  40 до 45 отсто до 2030 година во споредба со 2005 година, се далеку од американските и европските цели.

Критичарите го обвинуваат премиерот за национализација на гасоводот во 2018 година, што беше остро осудено од тимот на Стивен Гилбо.

Премиерот ја унапреди Мелани Жоли на функцијата министер за надворешни работи, за да го замени астронаутот Марк Гарно, кој ја напушта владата.

Поранешната министерка за снабдување Анита Ананд, задолжена за испорака на вакцината против Ковид-19 во Канада, станува министерка за одбрана. Таа е втората жена што ја извршува оваа функција додека високи функционери се соочуваат со обвиненија за сексуално вознемирување.

На почетокот на октомври Трудо јасно кажа дека приоритетите на неговата влада ќе бидат борбата против Ковид-19, унапредување на помирувањето со домородците и изградба на национална мрежа на центри за згрижување деца.