Тројца загинати во пад на воен хеликоптер во Индонезија


Тројца загинати во пад на воен хеликоптер во Индонезија - МИА

Џакарта,  6 јуни 2020 () – Индонезиски воен хеликоптер се урна на островот Јава, при што загинаа тројца од деветте патници, пренесоа медиумите во Џакарта.

Американските медиуми јавуваат дека индонезиската армија не соопшти за несреќата во која загинаа тројца патници, а шестмина други се  повредени и пренесени во две болници во областа Кендал.

Очевидец на инцидентот потврди дека хеликоптерот пред падот летал многу ниско.

„Непосредно пред падот на хеликоптерот, двајца патници скокнаа од него, а потоа леталото се урна и се слушнаа неколку експлозии“, изјави сведокот на несреќата за локалната ТВ Компас.

 


Вести

Продолжува претставувањето на изборните понуди на партиите пред граѓаните

Скопје, 5 јули 2020 () – Предизборната кампања на партиите за предвремените парламентарни избори кои треба да се одржат на 15 јули е на средина. Тие своите изборни програми и денеска ќе ги претстават на […]

Почнуваат координации со соседните земји околу регионален пристап за справување со коронавирусот - МИА
Вести

Вкупно 3611 активни случаи со КОВИД-19, најмногу во скопски Чаир

Скопје, 5 јули 2020 () – Бројот на заразени со КОВИД-19 вчера се зголеми за 147, а со тоа вкупниот број активни случаи во земјава изнесува 3611. Новозаразените се од Скопје-64, Куманово-8, Штип-6, Прилеп-3, Тетово-16, […]

Тестирањето на околу 800 штипски текстилни работници завршува утре - МИА
Вести

Регистрирани нови 147 случаи на КОВИД-19 и шест починати

Скопје, 4 јули 2020 () – Во изминатите 24 часа од направени 1296 тестирања регистрирани се 147 нови случаи на КОВИД-19. Институтот за јавно здравје регистрира и 111 оздравени пациенти. Од КОВИД-19 во овој период […]