Тројца загинати и двајца ранети во пукотница во американскиот град Албукерки


Три лица загинаа и двајца се ранети во пукотница во градот Албукерки, во американската држава Њу Мексико, соопшти локалната полиција.


 

Еден од ранетите е во критична состојба. Полицијата е се уште на местото на инцидентот. Според локални медиуми, полицијата е во потрага по две лица осомничени за престрелката.