Тројца научници добитници на Нобеловата награда за медицина

Тројца научници кои откриле како клетките се чувствуваат и се прилагодуваат на нивото на кислород, ја добија овогодишната Нобеловата награда за физиологија или медицина.

Клетките на човековото тело користат кислород за да ја претворат храната во корисна енергија.

Триото – Вилијам Каелин, Сер Питер Ратклиф и Грег Семенза – откриле како клетките се прилагодуваат кога нивото на кислородот паѓа.

Шведската академија соопшти дека нивните „елегантни“ откритија доведуваат до третмани за анемија, па дури и карцином.

– За основната важност на кислородот се знаеше со векови, но како клетките се прилагодуваат на промените во нивото на кислородот долго време беше непознато, се истакнува во објавата.

Нивото на кислород варира во различни делови на телото – особено за време на вежбање.

Сер Питер Ратклиф е базиран во Институтот Френсис Крик во Велика Британија, Вилијам Каелин на Харвард во САД и Грег Семенза на универзитетот Џон Хопкинс во САД.