Трамп: Светска банка да не и дава повеќе кредити на Кина


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во повеќе пораки на Твитер ја повика Светска банка да не и дава повеќе кредити на Кина.

– Зошто Светска банка и дава пари на заем на Кина? Како е тоа можно? Кина има многу пари, а и кога ги нема ги наоѓа. Стоп“, напиша Трамп, додавајќи дека кредитите на Светска банка „ќе бидат намалени како што е договорено со американските акционери“.

Американскиот претседател нагласи дека кредитите постепено ќе престанат да им се даваат на земјите кои стануваат побогати.

Администрацијата на САД смеа дека Кина како втора економска сила во светот е доволно богата да се финансира сама и не и се потребни кредити од Светска банка.

Кина и САД се во трговска војна веќе една и пол година. Засега се уште не се знае кога ќе биде постигнат трговски договор. Билатералните односи се дополнително влошени бидејќи американскиот Конгрес наводно ја осудил кинеската политика во Хонгконг и кон Ујгурите, муслиманско малцинство во северозападниот дел на Кина.


Вести

Пред распуштањето Собранието ќе ја усвои Националната стратегија за спречување на корупција и судир на интереси

– Собранието на Република Северна Македонија на почетокот на февруари се очекува да ја донесе Националната стратегија за спречување корупција и судир на интереси, која денеска од страна на членовите на Комисијата му беше врачена […]

Вести

Комисија за здравство не се одржа, пратениците заминаа на собраниска седница

– Собраниската Комисија за здравство не го одржа продолжението на денешната закажана седница на која на дневен ред е Предлог-законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции во прво читање, бидејќи, како што рече претседателката […]

Вести

ДКСК ја усвои националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси

– Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ја усвои Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси што во следните пет години треба да ја спроведат институциите, со цел да се обезбеди подигнување […]