Трамп повика гувернерите да ги отворат верските објекти „веднаш“


Трамп размислува за олеснување на мерките во некои американски држави - МИА

 

Вашингтон, 22 мај 2020 () – Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повика гувернерите да овозможат црквите и другите верски објекти во сојузните држави да ги отварат вратите, додека земјата полека ги укинува мерките на карантин по епидемијата од коронавирус.

На брифинг за новинарите денеска во Белата куќа Трамп изјави дека „ги идентификувам верските објекти како цркви, синагоги, џамии, за суштински места кои обезбедуваат суштински услуги“.

-Гувернерите треба да направат тоа што е исправно, и да овозможат овие важни суштински места за вероисповест да се отварат веднаш, за викендот, изјави Трамп. Додаде ако не го сторат тоа, „ќе ги анулира нивните решенија. Во Америка нам ни треба повеќе места за молитва, не помалку“.

Во САД викендов е празник Ден на сеќавањето, посветен на сите Американци кои загинале во бој во разни војни и ја дале конечната жртва за нацијата.

Претходно, по повод овој ден, претседателот нареди знамињата на сите владините згради и споменици да бидат спуштени на половина копје во следните три дена за сеќавање на Американците кои ги загубија животите во пандемијата на коронавирусот.   

 


Дваесет нови случаи со Ковид -19, вкупно 1.694, оздравени 24 пациенти, тројца починати - МИА
Вести

Активни 470 случаи на заболени со Ковид-19, најмногу во Скопје

Скопје, 29 мај 2020 () – Поминаа два дена откако целосно е укинат полицискиот час во земјава, по посебни протоколи отворени се кафулињата и рестораните и дел од вработените се вратија на нивните работни места. […]

Неизвесни датумот за избори и продолжувањето на вонредната состојба - МИА
Вести

Неизвесни датумот за избори и продолжувањето на вонредната состојба

Скопје, 29 мај 2020 () – Советот за безбедност в сабота на пладне во претседателската вила „Водно“ ќе одлучува за евентуалното продолжување на вонредната состојба. Сабота е последниот ден кога истекува третата – двонеделната вонредна состојба […]

Набрзо нов пристап до инфективната клиника, ПЕТ центарот ставен во функција - МИА
Вести

Новите 24 случаи со Ковид-19 во Скопје се од општините Бутел, Сарај, Чаир, Аеродром, Студеничани, Гази Баба, Шуто Оризари, Кисела Вода и Карпош

Скопје, 28 мај 2020 () – Од вкупно дијагностицираните нови 38 случаи со Ковид-19, според денеска објавените податоци, 24 се од Скопје. Како што информираа за од Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за […]