Трамп му честита на полскиот претседател за победата на изборите


Трамп му честита на полскиот претседател за победата на изборите - МИА

Варшава, 14 јули 2020 () – Американскиот претседател Доналд Трамп му честиташе на полскиот колега Анджеј Дуда за обезбедувањето вториот мандат на вториот круг од претседателските избори што се одржаа во неделата.

– Честитки до мојот пријател претседателот на Полска Анджеј Дуда за неговиот историски реизбор! Со нетрпение очекувам да ја продолжиме нашата важна работа заедно во многу теми, вклучително и одбрана, трговија, енергија и телекомуникациската безбедност, напиша Трамп на Твитер.

Конзервативецот Дуда го победи во вториот круг против либералниот градоначалник на Варшава, Рафал Тшасковски со тесна разлика.

Полскиот претседател ја посети Белата куќа кон крајот на јуни, непосредно пред првиот круг на претседателските избори во.

За време на посетата, шефовите на двете држави потврдија дека САД ќе го зголемат бројот на трупите стационирани во Полска. Трамп исто така рече дека некои војници што треба да ја напуштат Германија може да бидат преместени во Полска.

 


Вести

Почина Амди Бајрам, лидерот на Сојузот на Роми

Лидерот на Сојузот на Роми, Амди Бајрам утрово почина на 64-годишна возраст. Информацијата за МИА ја потврдија од Сојузот на Роми. Дел од медиумите јавија дека тој починал во приватна клиника. Бајрам имаше проблеми со […]

141 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Скопје
Вести

Активни 6.861 случаи на заразени со коронавирус во земјата

Во моментов бројот на активни случаи со коронавирус во земјата изнесува 6.861 лице, откако вчера потврдени 518 новозаразени, 200 оздравени и 9 починати лица. Најмногу активни случаи на заразени има во Скопје (3.320), Струмица (394) […]

Вести

Интензивирање на комуникацијата за надминување на недоразбирањата со Софија

– Интезивирана комуникација со Софија деновиве за изнаоѓање решение за спорот со Бугарија, по испраќањето на бугарскиот појаснувачки меморандум до земјите-членки на Европската Унија, во кој се оспоруваат македонскиот јазик и македонската нација. Премиерот Зоран […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*