Трамп ја критикуваше „Фокс њуз“: Време е да најдам нов медиум


Трамп ја критикуваше „Фокс њуз“: Време е да најдам нов медиум - МИА

Вашингтон, 19 мај 2020 () – Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер го критикуваше известувањето на „Фокс њуз“, телевизиска станица за која се верува дека му е наклонета, и беше клучна за неговата победа на изборите во 2016 година.

Трамп се осврна на известувањето на телевизијата, откако рече дека повеќе од една недела користи хидроксихлорокин, лек против маларија, со цел да спречи зараза со коронавирусот.

Тој оцени дека на „Фокс њуз“ има се повеќе и повеќе новинари против него и оти на телевизијата очигледно и недостига поранешниот директор Роџер Ејлс, инаку пријател на Трамп, кој беше отпуштен од работа пред три години, по што набргу и почина.

– Фокс њуз повеќе не е ист. Ни недостасува големиот Роџер Ејлс. Имате повеќе новинари против Трамп од кога било досега. Барам нов медиум за обраќање, напиша Трамп.

По изјавата на Трамп дека зема хидроксихлорокин, Фок Њуз во емисија на Нил Кавута ги предупреди гледачите дека е ризично да се земе хидроксихлорокин.

– Ако сте во високо ризична популација и земате хидроксихлорокин како превентива, тоа може да ве убие. Не можам доволно да нагласам. Тоа може да ве убие, рече Кавуто во емисијата.


Николоски: На лидерската покрај здравствената криза да се разговара и за условувањата од Бугарија - МИА
Вести

Николоски: Голем пораз те чека Заев и во четворката и во цела Македонија! А потоа одговорност.

Го гледам Заев свесен дека ќе губи пласира лажни вести преку порталите што му се блиски. Јас едно зборувам тие друго спинуваат. Очај! Им се смеат луѓето. Белото не може да е црно. Ама и […]

На работа се враќаат само родителите чии деца одат на училиште, но не и оние кои имаат деца во градинка - МИА
Вести

На работа се враќаат само родителите чии деца одат на училиште, но не и оние кои имаат деца во градинка

Скопје, 9 јули 2020 () – Министерот за здравство Венко Филипче денеска појасни за кои вработени се однесува уредбата со која на работа треба да се вратат родителите кои имаат деца до 10-годишна возраст. Во […]

Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи - МИА
Вести

Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи

Скопје, 9 јули 2020 () – Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи. Според роковникот на ДИК, денеска е последен ден до кога домашните и меѓународните набљудувачи […]