Трамп и покрај пандемијата најави голем предизборен собир


Трамп ќе ја објави листата на конзервативни кандидати за Врховниот суд - МИА

Вашингтон, 6 јули 2020 () – Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека за неколку дена ќе го одржи вториот голем предизборен собир во рамките на претседателската кампања за изборите во ноември, и покрај тоа што во некои американски сојузни држави е во пораст бројот на инфицирани лица со Ковид-19.

Трамп планира на 11 јули да одржи митинг на отворено на аеродромот во Портсмаунт во Њу Хемпшир, а за учесниците ќе бидат обезбедени маски.

Од предизборниот штаб на Трамп наведоа дека сите учесници на митингот ќе треба да потпишат „доброволно прифаќање на сите ризици“ поради новиот коронавирус и оти кампањата на Трамп нема да сноси одговорност.

Првиот голем митинг се одржа во март, додека пред три недели беше одржан собир на стадионот во Тулси, државата Оклахома, но беше слабо посетен иако Трамп најави дека еден милион луѓе обезбедиле безплатни влезници.

Во САД регистрирани се 2.983.142 заразени лица со Ковид-19, од кои 132.571 починале, а оздравеле 1.289.687 лица.


Вести

Во експлозијата во Бејрут загинаа најмалку 78 луѓе, а околу 4.000 се повредени

Бејрут, 5 август 2020 () – Најмалку 78 лица загинаа, а околу 4.000 се повредени во  експлозијата што вчера се случи во пристаништето во центарот на Бејрут, соопштија либанските власти. Тој дел од градот е […]

Пет починати, нови 75 заразени и казни за непочитувачите на протоколите против Ковид-19 во Охрид - МИА
Вести

Пет починати, нови 75 заразени и казни за непочитувачите на протоколите против Ковид-19 во Охрид

Скопје, 5 август 2020 () – Нови 75 случаи позитивни на коронавирусот вчера беа регистрирани од направени 830 тестирања. Во претходното деноноќие беа регистрирани и пет смртни случаи, а оздравени 136 пациенти. Во земјата досега […]

ОС Велес му одреди 30 дена притвор на Владмир Панчевски - МИА
Вести

Три и пол години затвор за Владимир Панчевски

Велес, 4 август 2020 И) – Поранешниот претседател на Кривичен суд Скопје, Владимир Панечвски, обвинет за злоупотреба на системот АКМИС, вечерва од страна на Велешкиот суд беше прогласен за виновен и осуден на три години […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*