Трамп го помилува и Стив Банон


 Претседателот Доналд Трамп одлучи да го помилува својот поранешен главен стратег Стив Банон. Одлуката е донесена само неколку часа пред Трамп да ја напушти Белата куќа.


 

Луѓе запознати со тој потег изјавија за Си-Ен-Ен дека одлуката на Трамп не е конечна се додека не ги потпише документите. Трамп им соопштил на своите соработници дека по долго размислување, решил да го помилува Банон како едно од неговите последни потези додека е на функцијата.

Стив Банон беше обвинет за заговор за измама преку донаторска кампања за изградба на ѕидот ветен од претседателот на границата со Мексико.

Последните денови се засилија спекулациите во американските медиуми дека Трамп ќе го прекрши протоколот и ќе се помилува самиот пред да се повлече од функцијата.