Трамп го одложи воведувањето царини за европските и јапонските возила



Американскиот претседател Доналд Трамп донесе одлука за одлагање на воведувањето царини за увоз на автомобили произведени во земјите членки на ЕУ и во Јапонија, за период од 180 дена, соопшти денеска Белата куќа.

Како што јави ДПА, воведувањето царини за увозот на автомобили во САД ќе ги погодеше сите европски земји, но пред се Германија чии производители се најголеми извозници на возила на американскиот пазар.

Крајниот рок за воведувањето на американските царини истекуваше денеска.

Во соопштението на Белата куќа се наведува дека Трамп му наложил на трговскиот претставник на САД, Роберт Лајтајзер да започне преговори со ЕУ и Јапонија за постигнување договори „со кои ќе се отстранат заканите по националната безбедност, што и нанесуваат штета на американската автомобилска индустрија“.

Пред три месеци американското Министерство за трговија достави извештај до Белата куќа во кој беше наведено дека увозот на автомобили претставува закана за националната безбедност на САД. Во извештајот се посочуваше дека Трамп има рок од 90 дена да донесе одлука за воведување царини за увозот на автомобили.


Вести

ДЗР: Дел од надоместоците кои ги земале СЈО не се во согласност со законската регулатива

– Државниот завод за ревизија констатирал дека во Специјалното јавно обвинителство износот на исплатените додатоци за 2015 година  го надминува износот на исплатените средства за основната плата по лице. Ревизијата, како што соопшти ДЗР, констатирала дека за […]

Вести

Добрила Кацарска предложена за уставен судија

– Судскиот совет на денешната седница едногласно ја предложи судијката Добрила Кацарска за нов судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија,  потврдија за МИА од СС. Предлогот за судијката Кацарска ќе биде испратен на […]

Вести

Европските земји ги враќаат строгите епидемилошки мерки

– Голем број европски земји соопштија дека по зголемувањето на бројот на новозаразени, ќе воведат нови мерки за борба против ширењето на коронавирусот, што ќе вклучува ограничување на патувањето, порано затворање на барови и ресторани […]