Том Хенкс ќе ја води свечената програма на инаугурацијата на Бајден


Актерот Том Хенкс ќе биде домаќин на свечената програма на 20 јануари, на денот на инаугурацијата на Џо Бајден, објавија организаторите на овој настан.



Во специјалната емисија, која ќе трае 90 минути и ќе се вика „Ја славиме Америка“, ќе учествуваат и некои други познати личности во САД, како што се Џон Бон Џови, Деми Ловато, Џастин Тимберлејк и Ент Клемонс.

Бајден и потпретседателката Камала Харис ќе положат свечена заклетва тој ден и ќе одржат воведен говор на церемонијата.

Програмата ќе се емитува на Си-Би-Ес, Еј-Би-Си, Си-Ен-Ен, Ен-Би-Си, МСНБЦ и ќе се емитува на Јутјуб, Фејсбук, Твитер и некои други онлајн платформи.