Тинејџер ги хакирал Твитер налозите на Безос, Маск и Гејтс



Тинејџер ги хакирал Твитер налозите на Безос, Маск и Гејтс - МИА

Вашингтон, 1 август 2020 () – Седумнаесетгодишниот Грем Кларк од Тампа, Флорида е обвинет дека хакирал повеќе Твитер налози, помеѓу кои и на најбогатиот човек во светот Џеф Безос, сопственикот на „Тесла“, Илон Маск и основачот на Мајкрсофт, Бил Гејтс.

Кларк се товари по 30 точки од обвинението за измама на повеќе луѓе ширум САД поврзани со хакирањето на Твитер налозите на познати и моќни Американци на 15 јули.

Според обвинението Кларк имал намера да ги украде идентитетите на познатите личности, за да ги наведе жртвите да му испратат биткоини. За само еден ден на Кларк му се уплатени биткоини во вредност поголема од 100.000 долари.

На мета на Кларк беше и поранешниот американски претседател Барак Обама, како и претседателскиот кандидат на демократите, Џо Бајден и Мајкл Блумберг.

Државното обвинителство ќе го процесира Кларк како полнолетен, бидејќи законот во Флорида овозможува малолетни лица да бидаат обвинети како возрасни во случај на финансиски измами.

Уште двајца мажи се обвинети пред сојузниот суд во Калифорнија за стекнување на корист од хакирање. 


Научниците се уште не се согласни дали е можна инфекција со Ковид-19 од воздух - МИА
Вести

Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 33.385.696 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.003.405 пациенти, а оздравеле 24.688.610 луѓе. – Во изминатите 24 часа во Косово се забележани три […]

Гордана Јанкуловска упатена во КПУ-Идризово за случајот „Тенк” - МИА
Вести

Гордана Јанкуловска упатена во КПУ-Идризово за случајот „Тенк”

Скопје, 28 септември 2020 () – Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, е упатена во КПУ – Идризово, за издржување на казната затвор од четири години како осудена во предметот „Тенк”, потврдуват за од […]

Вести

Адвокатите бараат ослободителна пресуда за Јанакиески за „Насилство во Центар“

– Адвокатите на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески денеска во завршни зборови за предметот „Насилство во Центар“ побараа тој да биде ослободен од обвинение. Адвокат Димитар Дангов побара Обвинителството да го повлече […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*