Тетката на 12-годишниот израелски заложник: Му пуштале снимки од крвавите напади на 7 октомври

Тетката-на-12-годишниот-израелски-заложник-Му-пуштале-снимки-од-крвавите.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сведоштвата за ослободените заложници кои ги држеше Хамас во Газа, доаѓаат од Израел постојано. Тетката на Ејтан Јахаломи, 12-годишниот француско-израелски заложник кој вчера беше ослободен од Газа, изјави дека Хамас го присилувал да гледа видеа од крвавите терористички напади врз Израел на 7 октомври.


„Таму Ејтан проживеал ужаси“, изјави Дебора Коен за BFM TV. „Секогаш кога детето ќе заплачеше, му се закануваа со пиштол за да го замолчат“, вели таа. „Сакав да верувам дека Ејтан ќе биде третиран добро. Очигледно не. Тие луѓе се чудовишта“.

Ејтан е еден од тројцата француски Израелци кои беа ослободени вчера, заедно со Ерез и Сахар Калдерон. Вчера во Израел беа вратени вкупно 11 заложници.

„12-годишниот Ејтан Јахаломи повторно се соединува со својата мајка откако премина во Израел по 52 дена заробеништво. Неговиот татко Охад, кој беше застрелан и заробен одвоено од Ејтан, се верува дека сè уште е во Газа“, напиша репортерот на „Тајмс оф Израел“, Ејми Спиро на „Х“, покрај фотографијата на Ејтан и неговата мајка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK