Тешка сообраќајна несреќа во близина на американско-мексиканската граница


Полицијата во Сан Франциско застрела човек, кој бил на колена и со подигнати раце - МИА

Повеќе од 15 лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа на автопат во близина на американско-мексиканската граница во Калифорнија.


 

Судирот се случил околу 6,30 часот наутро по локално време северно од американско-мексиканската граница во местото Калексико околу 100 километри источно од Сан Диего, се наведува во полициското соопштение.

Според директорката на службата за итна помош при локалниот медицински центар, околу 27 луѓе се наоѓале во товарно возило кое удрило во камион полн со чакал.