Терористoт од Виена имал намера да нападне црква



Истрагата за терористичкиот напад од 2 ноември во Виена укажува на тоа дека терористот Кујтим Фејзулаи имал намера да ја нападне и католичката црква во центарот на градот.



Австрискиот министер за внатрешни работи, Карл Нехамер изјави дека очигледно терористот имал намера да ја нападне црквата, следејќи го примерот на нападот во Ница.

Сега е јасно која црква била мета, а во неа се одржувала молитва на младите вечерта кога е извршен нападот.

Виенскиот дневен весник „Кронен Цајтунг“ истакнува дека 17 деца избеганале смрт поради чиста среќа.

Терористот, Албанец со потекло од Македонија, се обидел да влезе во црквата каде што се молеле младите, но не успеал во тоа, бидејќи вратите на храмот биле заклучени.

Имено, црквата има систем што во одреден термин ги заклучува сите врати.

Само неколку секунди подоцна, Фејзулаи беше убиен пред црквата од специјалните единици на австриската полиција.

Портпаролот на виенската бискупија, Михаел Прилер, изјави дека младите верници ја избегнале смртта дејствувајќи свесно. Штом бил истрелан првиот куршум, тие ги исклучиле светлата во црквата и тивко се забарикадирале во неа.