Талибанците почнаа нова офанзива со напад на градот Фарах во Авганистан


Талибанците почнаа офанзива против Фарах, клучен град во западниот дел на Авганистан, јавија светските агенции.

Нападот доаѓа во екот на постојаните обиди на САД да постигнат мировен договор со силите на групата и да ги повлечат воените трупи од земјата во замена за гаранции за мир.

Десетици талибански борци упаднаа во градот Фарах, главниот град на истоимената провинција, и од владините сили успеале да заземат воена зграда, соопшти Фарук Баракзаи, портпарол на локалните власти.

Талибански претставник, пак, информира дека во тек е „масовна операција“ која се спроведува во регионот.

Портпаролот на авганистанското Министерство за внатрешни работи изјави дека талибанците претрпеле „сериозни удари и многу скоро ќе бидат елиминирани“.


Вести

Нови 53 случаи со коронавирус, вкупно 483, евидентирани пет починати

Во изминатото деноноќие потврдени се 53 нови случаи позитивни на Ковид- 19, со што вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 483 лица, На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починаа двајца пациенти заболени […]

Вести

Русија: Во јуни тестирање на вакцина за Ковид-19 на луѓе

Тестирањата на новиот прототип на вакцини против новиот коронавирус на животните ќе бидат завршени кон крајот на април, а тестирањето на луѓе ќе почне во јуни, изјави Ринат Максјутов, генерален директор на Новосибирскиот векторски државен […]

Вести

Четиринаесет медицински лица од штипското Инфективно одделение превентивно во самоизолација

 – Двајца лекари инфектолози, осум медицински сестри и четворица болничари од штипското Инфективно одделение се ставени во самоизолација, по наредба на здравствен санитарен инспектор, откако е утврдено дека имале контакт со 80-годишна пациентка, која била […]