– Тајванскиот производител на батерии Прологиум (Prologium) ќе потроши 5,2 милијарди евра (5,64 милијарди долари) за изградба на фабрика во Данкерк во северна Франција за производство на батерии за автомобили, соопшти францускиот претседател Емануел Макрон.
Покрај тоа, француската групација Орано и кинескиот специјалист за литиумски батерии, XTC, се договорија за заедничка инвестиција од 1,5 милијарди евра на нова локација во Данкерк. Тоа значи околу 4.500 нови работни места во пристанишниот град.
Северна Франција станува центар за електромобилност, со четири големи погони за батерии во близина на погоните на големите производители на автомобили, пишува дневниот весник „Ле Еко“.
Фото: Фејсбук страница на Прологиум