СЗО: Внимателно ја следиме новата варијанта на вирусот Ковид

svetska-zdravstvena-organizacija-szo-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Светската здравствена организација (СЗО) и американските здравствени власти објавија дека внимателно ја следат новата верзија на вирусот „Ковид-19“, иако „можните последици од бројните мутации BA.2.86 сè уште се непознати“.


„СЗО одлучи да ја класифицира новата варијанта во групата варијанти под надзор, поради многу големиот број (повеќе од 30) генски мутации што ги носи“, пишува организацијата во епидемиолошкиот извештај за пандемијата на Ковид-19 објавена во петокот вечерта.

Новата верзија досега е пронајдена во Израел, Данска и САД.

„Можните последици од мутациите BA.2.86 сè уште не се познати и се предмет на темелна анализа“, велат од организацијата, предупредувајќи уште еднаш дека е важно да се продолжи со следење, секвенционирање и информирање на надлежните органи за да се добие точна и сеопфатна слика од пандемијата на ковид-19.

До 13 август 2023 година, ширум светот беа пријавени повеќе од 769 милиони потврдени случаи на Ковид-19 и повеќе од 6,9 смртни случаи. Вистинскиот број на заразени и починати се смета дека е многу поголем бидејќи многу случаи не се пријавени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK