СЗО: Присилната евакуација на болниците во Газа може да ги загрози животите на стотици пациенти

СЗО-Присилната-евакуација-на-болниците-во-Газа-може-да-ги.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) изјави дека присилната евакуација на болниците во Појасот Газа може да ги загрози животите на стотици пациенти.


„На 23 болници им е наредено да се евакуираат во градот Газа и северна Газа, а присилната евакуација под овие околности би ги загрозила животите на стотици пациенти“, рече шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

На прес-конференција во Женева, Тедрос повторно повика на хуманитарна пауза во војната меѓу Израел и Хамас за да им се помогне на илјадниците повредени.

21.000 се повредени од двете страни, а 1,4 милиони се раселени во Газа, додаде тој.

„Ни снемува зборови за да го опишеме ужасот што се случува во Газа“, рече Тедрос.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK