СЗО прекина со истражување – хидроксихлоракинот не ја намалува смртноста од Ковид-19



САД испратиле во Бразил два милиона дози хидроксихлорикин - МИА

Женева, 5 јули 2020 ()  – Светската здравствена организација соопшти дека ги прекинува испитувањата за лекот за маларија –  хидроксихлорокин и комбинацијата на лекови за вирусот ХИВ – лопинавир / ритонавир, кај пациентите хоспитализирани заради коронавирус, бидејќи тие не ја намалиле  смртноста.

„Резултатите од привремените тестови покажуваат дека хидроксихлорокин и лопинавир / ритонавир придонесуваат за мало или никакво намалување на смртноста кај хоспитализирани пациенти со Ковид-19,  во споредба со стандардната нега“, се наведува во соопштението на СЗО.

Испитувањата веднаш ќе бидат прекинати, се додава во соошштението на СЗО, пренесуваат британските медиуми.

Ваквата одлука, донесена по препорака на меѓународен одбор, не е во спротивност со другите истражувања во кои лековите се користат за нехоспитализирани пациенти или како превенција.

Во друго истражување  СЗО го испитува и можниот ефект на лекот ремдесивир врз Ковид 19.


Мајките сакаат да ги чуваат децата дома, а Владата вели дека услови има во градинките - МИА
Вести

Втор протест на родителите на породилно отсуство

Скопје, 21 септември 2020 () – Мајките на деца до шестгодишна возраст и оние кои се на породилно отсуство, денеска попладне повторно излегода на протест пред Владата, против одлуката да се вратат на работа на 23 […]

Унгарија ги олабави мерките за влез на државјаните од три земји - МИА
Вести

Регистрирани 45 нови, оздрваени 86 и седум починати од КОВИД-19

Скопје, 21 септември 2020 () – Во последните 24 часа направени се 552 тестирања и регистрирани се 45 нови случаи на КОВИД-19, оздравени се 86 пациенти, а седум лица се починати, информира Министерството за здравство. Од […]

Седница на Собранието, на дневен ред измените на законите за основно и за средно образование - МИА
Вести

Четворицата пратеници на БЕСА од денеска независни, но остануваат во коалицијата „Можеме“

Скопје, 21 септември 2020 () – Пратениците од БЕСА кои во Собранието влегоа преку листите на СДСМ денеска преку допис го известиле собранискиот претседател Талат Џафери дека дека ќе дејствуваат во рамки на коалицијата „Можеме“ со […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*