СЗО не може да ја потврди ефикасноста на новиот лек


СЗО не може да ја потврди ефикасноста на новиот лек - МИА

Женева, 29 април 2020 () – Шефот на програмата за итни случаи на Светската здравствена организација (СЗО), доктор Мајк Рајан, денеска одби да ги коментира извештаите за новиот лек Ремдесивир кој наводно може да им помогне на болните од Ковид -19.



– Не би го коментирал ова прашање бидејќи не ја разгледав детално документацијата на производителот, рече доктор Рајан и додаде дека во некои случаи може да бидат потребни дополнителни студии со цел со сигурност да се констатира дека некој лек е ефикасен.

– Но, се надеваме дека ќе се докаже дека и овој, но и други лекови, можат ефикасно да им помогнат на болните од Ковид-19, додаде Рајан на видео прес конференција.

 


Вести

Починаа 32 пациенти, 820 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2019 тестирања, а регистрирани се 820 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-279, Куманово-49, Штип-39, Прилеп-15, Тетово-42, Струга-33, Велес-19, Битола-58, Охрид-24, Кавадарци-34, Гостивар-37, Гевгелија-25, Струмица-25, […]

Бизнис и економија

Задолжително пензионирање на 64-годишна возраст, останува можноста жените да се пензионираат со навршени 62 години

– Измените на Законот за работни односи со кои се предвидува задолжително пензионирање на 64-годишна возраст, поднесени од група пратеници, влегоа во собраниска процедура и го поминаа првото читање. Исклучоци во јавниот сектор ќе има […]

Вести

Продолжуваат разговорите со Бугарија, македонскиот јазик и идентитет се црвените линии

– Разговорите за надминување на несогласувањата со Бугарија продолжуваат деновиве на ниво на работни групи, предводени од министрите за надворешни работи на двете земји, а македонскиот јазик и македонскиот идентитет се црвените линии во преговорите […]