СЗО: На секои 40 секунди некој во светот си го одзема животот


Во светот, на секои 40 секунди по едно лице си го одзема сопствениот живот, се вели во извештајот на Светската здравствена организација (СЗО).

Според извештајот, повеќе луѓе умираат секоја година како резултат на самоубиство, отколку во војна.

Бесењето, труењето и истрелувањето куршум се најчестите методи за одземање на сопствениот живот, забележува СЗО.

Организацијата ги повикува владите да усвојат планови за превенција со цел да им помогнат на луѓето да се справат со стресот и да го ограничат пристапот до лекови за самоубиство.

– Самоубиството е глобален здравствен проблем. Од него се погодени сите возрасти, полови и региони низ светот, наведува СЗО.

Самоубиството е втора водечка причина за смрт кај младите луѓе на возраст меѓу 15 и 29 години, веднаш по сообраќајните несреќи, како и кај тинејџери на возраст меѓу 15 и 19 години. Кај тинејџерите, самоубиството се наоѓа на третото место, по сообраќајните несреќи и меѓучовечкото насилство.

СЗО истакнува дека речиси 800.000 луѓе умираат поради самоубиство секоја година, што е повеќе од маларија или рак на дојка или војна или убиство.

Глобалното ниво е во опаѓање во последниве години, со пад од 9,8 проценти меѓу 2010 и 2016 година. Во истиот период, сепак, регистриран е раст од шест проценти во регионот на САД.

Во извештајот се открива дека речиси трипати повеќе мажи отколку жени си го одземаат својот живот во богатите земји, за разлика од оние во земјите со ниски и средни приходи.

– Самоубиствата можат да се спречат. Ги повикуваме сите земји да ги вклучат стратегиите за превенција во своите национални програми за здравство и едукација, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебраус.

Организацијата нагласува дека ограничувањето на пристапот до најчесто користени пестициди е еден од најефикасните начини за драматично намалување на стапките на самоубиства. Во Шри Ланка, на пример, каде беше воведена таква забрана, самоубиствата беа намалени за 70 проценти меѓу 1995 и 2015 година.


Сто деведесет и девет новозаболени од Ковид-19, 120 оздравени и осум починати - МИА
Вести

Сто деведесет и девет новозаболени од Ковид-19, 120 оздравени и осум починати

Скопје, 11 јули 2020 () – Сто деведесет и девет нови случаи на заболени се регистрирани изминатите 24 часа, од кои најголемиот број се во Скопје – 90. Оздравени се 120 лица, а од болеста […]

Симулација на безбедно гласање со примена на сите здравствени мерки и препораки во пресрет на изборите на 15 јули - МИА
Вести

В понеделник ќе гласаат 716 лица со Ковид-19 и во самоизолација, а во вторник 8.852 болни, немоќни и хронично болни

Скопје, 11 јули 2020 () – Општинските изборни комисии прифатиле 716 барања од лица позитивни на коронавирусот или во самоизолација за гласањето што треба да се спроведе в понеделник на 13 јули во рамки на […]

На Кипар нема нов случаи на Ковид-19, вo Грција 19 - МИА
Вести

Ковид-19 зема замав, рекорден број новозаболени и оздравени во државава

Скопје, 11 јули 2020 () – Највисок број новозаразени со коронавирусот регистрираше вчера Институтот за јавно здравје. Со новоевидентираните 205 случаи од кои повторно најмногу има во Скопје, вкупниот број новозаболени од почетокот на епидемијата, […]