СЗО истражува за можна врска меѓу Ковид-19 и болеста Кавасаки кај децата


СЗО ќе издаде нови упатства за користење на заштитните маски - МИА

Женева, 15 мај 2020 () – Светската здравствена организација (СЗО) објави дека ја испитува можната врска помеѓу Ковид-19 и болеста Кавасаки. Форма на заболување близу до болеста Кавасаки предизвика прв смртен случај на дете во Франција.

– Првичните хипотези се дека овој воспалителен синдром може да биде поврзан со Ковид-19, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

– Ги повикуваме сите медицински лица во светот да работат заедно со властите и со СЗО за да анализира подобро тој синдром кај децата.  Од суштинско значење е итно да се проучат карактеристиките на синдромот со цел да се најде причинско-последична врска и да се презентираат третмани за лекување.


Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи - МИА
Вести

Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи

Скопје, 9 јули 2020 () – Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи. Според роковникот на ДИК, денеска е последен ден до кога домашните и меѓународните набљудувачи […]

На гласање задолжително со маска и со двојна дезинфекција - МИА
Вести

На гласање задолжително со маска и со двојна дезинфекција

Скопје, 9 јули 2020 () – Гласањето на претстојните избори, и покрај актуелната пандемија на Ковид-19, ќе биде безбедно за граѓаните кои ќе решат да го остварат своето избирачко право, тврдат надлежните. Ќе се гласа […]

Уште четири дена до крајот на изборната кампања - МИА
Вести

Уште четири дена до крајот на изборната кампања

Скопје, 8 јули 2020 () – Изборната кампања за предвремените парламентарни избори на 15 јули е при крај. Партиите пред граѓаните ветуваат правда која ќе функционира неселективно и транспарентно, подигната економија и развој за наредниот […]