СЗО ги отфрли обвинувањата дека стратегијата за следење контакти е неефикасна


СЗО ги отфрли обвинувањата дека стратегијата за следење контакти е неефикасна - МИА

Женева, 30 јуни 2020 () – Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус ги отфрли обвинувањата од страна на некои земји дека стратегијата за следење на контактите на заразените со коронавирус е премногу тешка за спроведување и дека е неефикасна во контролата на пандемијата.

СЗО повеќе пати ги советуваше земјите дека запирањето на епидемијата на Ковид-19 бара силна стратегија за следење контакти, интензивен процес за пронаоѓање луѓе кои биле во контакт со заразените и нивна изолација.

Во последните месеци, земји со голем број заразени лица, вклучително и Велика Британија и Соединетите Американски Држави, посочија дека има премногу контакти за да се најде ефикасен систем што може да се воспостави.

Британија се обврза да воспостави систем за следење контакти на почетокот од овој месец, но на крајот се откажа од дигиталната апликација што ја разви за таа цел, а политичарите признаа дека програмата сè уште не работи целосно и покрај тоа што се ангажирани илјадници работници.

Во последните неколку недели, британските здравствени власти соопштија дека нивните трагачи за контакти не успеале да дојдат до четвртина од луѓето заразени со вирусот, оставајќи така илјадници заразени да ја пренесат инфекцијата.

На прес-конференција, Гебрејесус го наведе директорот за вонредни состојби, д-р Мајкл Рајан, како пример на некој кој е подготвен да започне со долга потрага по контакти, посочувајќи го ангажманот на Рајан за време на епидемијата на ебола во дел од Конго каде вооружени групи напаѓале и убивале здравствени работници.

– Тој веруваше дека треба да стори сé за да ја запре еболата и покажа дека спасувањето животи навистина го бара тоа ниво на посветеност, рече Гебрејесус.

Тој истакна дека тврдењата на некои земји дека има премногу контакти за пребарување и дека самиот процес е претежок, не се прифатливи.

Гебрејесус претходно ги пофали програмите за барање контакти што ги воведоа земји како Јужна Кореја, Сингапур и Кина, во кои беа вклучени тимови здравствени работници кои набљудуваа десетици илјади луѓе и се грижеа оние кои се изложени на вирусот да бидат изолирани.

Тој рече дека денеска се навршуваат шест месеци откако Кина првпат го извести СЗО за невообичаени случаи на пневмонија, првиот знак на коронавирус. Оттогаш, повеќе од 10 милиони луѓе се заразени низ целиот свет, а повеќе од 500.000 починаа.

СЗО наведе дека пандемијата се „забрзува“, посебно во Америка.

– Суровата реалност е дека ова не е ниту приближно до крајот, рече генералниот директор на СЗО, додавајќи дека „најлошото допрва следи“.

 


Нови 173 случаи со Ковид-19, починати 15, оздравени 150 пациенти - МИА
Вести

Нови 173 случаи со Ковид-19, починати 15, оздравени 150 пациенти

Скопје, 2 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.653 тестирања, а регистрирани се 173 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-75, Куманово-9, Дебар-6, Штип-8, Прилеп-6, Тетово-9, Струга-14, Велес-3, Охрид-10, Кавадарци-3, Гостивар-7, Гевгелија-2, […]

ИЗБОРИ 2020: МИА ќе ги претстави програмите на учесниците на Предвремените парламентарни избори - МИА
Вести

ДИК со измени на Упатството за набљудување на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) на денешното продолжение на вчера започната седница, донесе одлука за усвојување на изменето Упатство за набљудување на изборите, а беа избрани и неколку членови на Општински изборни комисии кои поради одредени […]

Умерен оптимизам кај научниците од Оксфорд за вакцината против Ковид-19 - МИА
Вести

Повеќе оздравени од дијагностицирани вчера, обновен сообраќајот на двата аеродрома

Скопје, 2 јули 2020 () – Нови 120 потврдени со КОВИД-19 од 954 тестирања, од кои над половината (64) се од Скопје, а 14 од Тетово. Останатите заразени со вирусот од вчерашниот билтен на Министерството […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*