СЗО: Ефектите од Ковид-10 ќе траат со децении


СЗО ќе издаде нови упатства за користење на заштитните маски - МИА

Женева, 31 јули 2020 () – Глобалната пандемија на новиот коронавирус е вид катастрофа, чии ефекти ќе траат долго во иднината, нагласи денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Габрејесус.

– Пандемијата е здравствена криза што се јавува еднаш во сто години и влијанијата ќе траат со децении, рече Тедрос на состанокот на комисијата за итни случаи на СЗО, според извештаите објавени од организацијата.

Пандемијата уби повеќе од 670.000 луѓе откако избувна во Вухан, а дијагностицирани се повеќе од 17 милиони заразени лица.

– Иако знаењето за новиот вирус напредуваше, многу прашања остануваат неодговорени и популацијата останува ранлива, потенцира Тедрос.

– Првичните резултати од серолошко истражување даваат конзистентна слика: најголем дел од светската популација останува подложна на вирусот, дури и во области што се сериозно погодени од заразата, рече тој.

– Многу земји што веруваа дека најлошото заврши, сега се соочуваат со ново ширење на инфекцијата. Некои земји што беа сериозно погодени во последните неколку недели, сега бележат зголемување на бројот на инфекции и смртни случаи, истакна Тедрос.


Многу опции за парламентарно мнозинство и нова влада, пролонгирањето неповолно за ЕУ-интеграцијата - МИА
Вести

Од денеска почнуваат разговори за новата влада

Скопје, 4 август 2020 () – По одржувањето на конститутивната седница на Собранието, од денеска почнуваат и разговорите за формирање на новата влада. Партиите кои по изборите неофицијално ги почнаа разговорите, се очекува од денеска […]

Прва седница на новиот собраниски состав под здравствени протоколи - МИА
Вести

Прва седница на новиот собраниски состав под здравствени протоколи

Скопје, 4 август 2020 () – Во Собранието на Република Северна Македонија, денеска на пладне во салата Голема купола ќе се одржи првата седница на новиот парламентарен состав согласно здравствените протоколи за заштита од ширење […]

Нови 14 дена вонредна состојба, за заокружување на здравствените одговори на пандемијата - МИА
Вести

Бројот на починати од Ковид-19 достигна 500, вирусот најризичен за постарите лица

Скопје, 4 август 2020 () – Тројца пациенти починаа вчера од вирусот Ковид-19, со што вкупниот број на починати од оваа болест достигна 500. Ковид-19 е најризичен за постарите лица, односно предизвикува поголема смртност кај […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*