Светот во 2019 е најбезбеден во последниве пет години

Светот денес е најбезбеден во последниве пет години, но останува значително помалку сигурен во споредба со периодот од пред една деценија, се наведува во најновото истражување на австралискиот Институт за економија и мир.

Институтот секоја година објавува глобален индекс на мирот, врз основа на кој се рангирани земјите од „најбезбедна“ до „најнебезбедна“.

Индексот се пресметува врз основа на 23 фактори, меѓу кои и внатрешни и надворешни конфликти, воени трошоци, тероризам, убиства и криминал.

Единаесетта година по ред Исланд е најбезбедна земја во светот, а на последното место на листата, исто како и лани, е Авганистан. Северна Македонија е рангирана на 65-то место. Меѓу првите 25 земји на листата дури 17 се од Европа.

Во Извештајот за Глобалниот индекс на мирот за 2019 година се посочува дека над 400 милиони луѓе живеат во реони во кои нивото на безбеден живот е ниско и каде има високи ризици поврзани со климатските промени. Најизложени на ризик од еколошките фактори и потенцијални конфликти се државите во регионот јужно од Сахара.

Во осумте најнебезбедни земји, каде ризиците поврзани со климата се најголеми, живеат околу 103 милиони луѓе.

Основачот на Институтот за економија и мир, Стив Килелеја оценува дека Индексот на мир покажува и позитивни и негативни тенденции поврзани со безбедноста. Тој посочува дека конфликтите што доминираа во изминатава деценија, како тие во Ирак и Сирија, сега почнуваат да се намалуваат, но во исто време избувнуваат нови во Јемен, Никарагва и Турција.

На листата се рангирани вкупно 163 земји, а првата „десетка“, покрај Исланд, ја сочинуваат и Нов Зеланд, Португалија, Австрија, Данска, Канада, Сингапур, Словенија, Јапонија и Чешка.

На дното на листата е Авганистан, а пред него се Сирија, Јужен Судан, Јемен, Ирак и Сомалија, рангирани од 163 до 158 место.

Од поголемите држави, Русија е на 154-то место, Турција на 152, Украина на 150, САД на 128, Кина на 110, Франција на 61, Велика Британија на 46, Италија на 39, а Германија на 22 место.

Од земјите од регионот најдобро пласирана е Романија на 25 место, Бугарија е на 26, Хрватска на 28, Србија на 50, Албанија на 51, Грција го дели 65-то место со нашата земја, Црна Гора на 67,  Босна и Херцеговина на 81, а Косово на 86 место.

Вести

Хаос во комисијата со Бугарија: Ни Гоце е Македонец, ниту народот може да е македонски

Пошироката јавност се уште не ги знае сите детали од хаосот што се случувало на последната средба на историската комисија со Бугарија. Извори блиски до членови на бугарскиот преговарачки тим тврдат дека не бил проблем […]

Балкан

Земјотреси во Албанија попладнево почувствувани во земјава

Два земјотреса со магнитуди од 5.8 и 5.5 степени по Рихтер во период од десетина  мунити е случија попладнево во близина на Драч, Албанија, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, а беа почувствувани и во нашата земја. […]

Вести

Боки 13 во понеделник, Јанева во вторник на распит кај Русковска

Осомничените за случајот „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13 и Катица Јанева повторно се повикани на распит во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција. – Бојан Јовановски – Боки 13 е повикна да даде исказ […]