Свештеник кој живее во истата резиденција како и папата е заразен со Ковид-19


– Едно лице кое живее во близина на папата Франциск во Ватикан е тестирано позитивно за новиот коронавирус и сега е хоспитализирано во болница во Рим, објави римскиот весник Месаџеро.

Ватикан официјално не ги коментираше тие информации, но добро информирани извори тврдат дека папата е сместен во гостинската вила Света Марта, заедно со уште 75 луѓе.

Инфицираното лице е свештеник вработен во Државниот секретаријат на Ватикан.

Според соопштение од седиштето на Римокатоличката црква вчера, четири лица кои живеат во Ватикан досега биле тестирани позитивни за Ковид-19, но ниту еден не живее близу до папата.


Балкан

Словенечката Влада го претстави т.н. „Мега корона Закон” со кој граѓаните и економијата ќе добијат три милијарди евра

Словенечката Влада, по дводневно заседание, конечно го усогласи и објави таканаречениот „Корона Закон”, со кој граѓаните и компаниите ќе добијат директна државна финансиска помош од три милијарди евра, јави дописникот на МИА од Љубљана. Целта […]

Вести

Две лица починале од Ковид-19, 16 нови случаи, вкупната бројка на заболени 257 лица

– Две лица починале изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби како последица од корона вирусот, со што вкупната бројка на починати во земјава од појавата на Ковид-19 достигна шест лица. Станува […]

Вести

Досега во земјава се регистрирани 241 лице заболени од Ковид-19, наскоро ќе биде поставена монтажна болница со 130 легла

– Досега во земјава се регистрирани 241 случај на заразени лица со коронавирус. Четири лица се починати, а тројца се излечени. Од Влада пораачаа дека државните карантини се безбедни и строго контролирани. Владини претставници извршија […]